Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кутрата надеж за амнестија

0
By Биљана Секуловска on October 20, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 20, 2018 11:43

Тогаш кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, му напиша писмо на помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел, беше јасно дека темнината останува избор за него, за поголемиот дел од партијата, за груевизмот во кој длабоко навлегле и уживаат да ја голтаат таа жива кал како зациментирана иднина.

Крајот на тоа писмо- “Секогаш е најтемно пред зората” ги навести следните потерници, следните некролози, следните закани за ликвидации кои се шират низ социјалните мрежи, после гласањето на седуммината пратеници на оваа партија- “за”- уставните измени.

Овие закани се ставање уште еден печат на Мицковски дека мора да се остане доследен на неговото поимање на европските вредности, на цивилизациските придобивки со кои располага оваа партија, многу одамна, навистина предолго за да бидат анулирани и заборавени- притисоците, уцените, заплашувањата, линчот, заканите, теророт, мечот на ликвидации кој виси над нив, зарем не е почеток на прекрасната зора која ја навестува Мицковски, вечно окупирана од мракот кој ги јаде своите деца?

Не се прашувајте зошто Мицковски продолжува по истата траекторија на неговите браќа по закани кои ја одбележаа на тој начин оваа декада на груевизмот.

Одговорот е во неговиот крај на тоа писмо до Мичел- темнината која го чека зад секој агол, секое скршнување од досегашниот деструктивен пат. Заканите на вмровската братија се испорачани на секоја порта на секој пратеник од оваа партија, лидерот е тој што еднакво се скаменува од нив, заробеник еднакво како сите нив.

Крунисан е тој со лидерство, но агендата на водењето на таа партија е обележана со крвави знаци на патот, тој не смее да има милост кон никого, затоа што и никој нема милост кон него.

Кога на масите и на вратите на Америка и на целата меѓународна заедница се трескаше во претходните години, зошто сега би се променило се, кога ланците се се позатегнати и давењето се остава на жртвата, за џелатот да не троши материјал, време и енергија.

Сега во таа партија секој секому му е џелат, крвопија, и брат на брата му е жртва во исто време.

Тие две улоги се споени во едно тело, всадени се на вратот двоглави суштества, сами себе да си ги ископаат очите, да се прогласат за маченици и крвожедни бранители на сопствената кауза.

Амнестијата и спасот од затворот е единствената кауза која ги храни нивните надежи, но, какво разочарување за Мицковски и Груевски- тоа високиот функционер на САД Вес Мичел не го спомена во писмото како опција, како решение, како излез од темнината доколку Договорот со Грција стане мртов. Ниту тоа го има сторено Заев, ниту пак има некој добиено мандат тоа да го стори.

Напротив, оваа нова генерација лидери во Македонија, еднакво како и сите ние знаеме дека европската иднина е единствено можна доколку правдата и правото ја навестат светлината, наспроти амнестијата како компензација, затоа што таа ќе биде продолжување на темнината во која лагодно опстанаа Груевски и неговите следбеници, собраќа по обвиненија сега. Тој мрак е сега завршена страница за сите нив, и никој нема да дозволи таа темнина да се повтори.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.