Претседавањето на Грција со Европската унија ќе биде искористено од групата „Пријатели на Македонија“ за вршење притисок, преку прашања, зошто Атина го попречува проширувањето на Унијата и не го почитува меѓународното право.
Ова го изјави германскиот европратеник Мартин Кестлер на денешната заедничка прес конференција во Скопје заедно со неговиот естонски колега Туне Келам и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Тој смета дека е срамно она што и се случува на Македонија и нејзиниот народ во однос на евроинтеграцијата бидејќи тоа што го прави Грција не е во согласност со европските вредности.
Министерот Попоски истакна дека со европарламентарците разговарале за македонската европска агенда и за можностите за напредок.
„Се надеваме дека престојниот извештај ќе го отслика напредокот кој Македонија го има во изминатата година“, нагласи Попоски.




