НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија повторно рекордер по смртност на новороденчиња

0
By Менче Атанасова Точи on October 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Македонија најверојатно годинава повторно ќе биде рекордер по умрени новороденчиња во Европа. Само до септември, бројот на починати новороденчиња се изедначил со минатогодишниот кога Maкедонија се најде на прво место на табелата на Еуростат, како земја со најголема стапка на смртност кај бебињата во Европа, дознава НОВА од Комитетот за безбедно мајчинство.

Фрапантните податоци до кои дојде НОВА говорат дека во првите девет месеци од годината починале 212 новороденчиња, исто колку и целата мината година. Со ова Македонија чекори кон врвот од топ листата како земја каде најмногу умираат новородени бебиња.

-Податоците се поразителни и дури се полоши од минатата година изјави за НОВА доктор Душко Филиповски претседател на Здружението на приватни гинеколози на Македонија и член на Комитетот за безбедно мајчинство.

Причина за ваквата состојба гинеколозите ја гледаат во лошата здравствена политика, недостигот од гинеколози во државата и немањето на финансиски средства за да се реализираат програмите наменети за жените во текот на бременоста.

Ова особено ги погодува социјално ранливите категории на жени без разлика на која етичката заедница припаѓаат. Тие немаат пари да плаќаат партиципација или да патуваат до најблискиот центар доколку во нивното место на живеење нема гинеколог. Од тие причини Националниот ромски центар се залага да се укине партиципацијата за гинеколошките прегледи во текот на бременоста, не само за оваа категорија туку за сите жени, со што очекуваат да се намали и смртноста кај новороденчињата.

Во Македонија годишно се раѓаат околу 22 000 деца, а 1 процент од нив умираат во првата недела по раѓањето, што е катастрофално за една средно развиена земја велат експертите. Бесплатните гинеколошки прегледи за бремните жени државата ќе ја чинат 50 000 евра годишно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.