Мариа Јанакаки, одговорна за надворешна политика во Демократската левица, во интервју за МРТ за прашањето за името, вели дека ја поддржува грчката црвена линија за сложено име со географска одредница за вкупна употреба.
На прашањето дека грчкиот премиер Самарас не сака да најде решение на прашањето и дека повеќе би сакал да го остави нерешено, Јанакаки вели:
– Најпрвин мислам дека гласината дека Самарас не сака да се најде решение е стереотип поради неговото минато како министер за надворешни работи. И морам да ви кажам дека надворешната политика на Грција потоа се сврте кон внатре поради економската криза. Не се занимаваме многу со надворешната политика и сите прашања во однос на надворешната политика се наоѓаат долу на агендата и разбирате зошто. Мислам дека сега можеби ќе имаме мобилност во однос на преговорите и ако го сакате моето лично мислење, јас мислам дека прашањето со името е решено, но двете страни сметаат дека не е најдоброто време за да има резолуција изгласана од страна на парламентите, смета Јанакаки.




