Синоќа, околу 23.30 часот, непознати стoрители извршиле ванадалски чин врз таблите за слободно изразување “Before I Die” во Старата Скопска Чаршија, објавува МОФ.
Искршени се двете табли на Ѕидот за слободно изразување, на тема “Пред да умрам…” („Before I die…“) кои беа поставени на 15 септември.
Организаторите на кампањата синоќа беле на лице место и го собирале искршениот материјал.
Ѕидот за слободно изразување, на тема „Before I die I want to…“ можеа да ја дополнат сите оние што ќе се најдат во Чаршија.
Инсталацијата е инспирирана од младата американска уметница Кенди Ченг, авторка на проектот Before I Die, реплициран во голем број светски метрополи.

Инсталациите се дел од националната кампања „Слободен си – Изрази се!“, во чии рамки беше планирано да се постават табли за слободно изразување на повеќе локации низ Македонија: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Битола, Тетово и Струмица, сите со различни пораки. За жал, акцијата не доби дозвола за поставување на табли во Битола на Широк сокак и во комплексот општествени факултети при УКИМ, во Скопје, со едноставно објаснување дека надлежните на тие јавни простори „не можат да и излезат во пресрет на младинската акција“. Во моментов се чекаат дозволите за поставување на таблите во Тетово и Струмица.
Инсталациите кои го искористуваат јавниот простор како место за слободно изразување се дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум.



