Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентиран реформскиот „План 18“ за чист пат кон ЕУ интеграцијата

0
By Нова ТВ on October 31, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 31, 2018 14:54

Правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупција се четирите клучни области содржани во Планот 18 со кој Владата продолжува со спроведување на итните реформски приоритети во насока на исполнување на условите за евроинтеграција на земјата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција, на која го презентираше „Планот 18“, посочи на силната европска и светска поддршка за евроатлантските интеграции на земјата во изминатиот период со реализираните бројни посети, нагласувајќи ја важноста од имплементација на Договорот од Преспа.

-Имплементацијата на Договорот од Преспа претставува една од најважните обврски преземена од наша страна и дозволете во оваа прилика да изразам особено задоволство што Собранието го даде првото зелено светло за пристапување кон уставните измени што претставува израз на зрелост на нашите политички претставници во Собранието. Посакувавме поголема поддршка за овој историски чин, но процесот е на самиот почеток и јас сум убеден дека до неговиот финиш политичката поддршка за Договорот од Преспа ќе се зголемува, а ние како политичари ќе изградиме широк консензус за сите останати прашања што се од надпартиски и наднационален интерес, меѓу кои е и имплементацијата на Планот 18, истакна Османи.

Тој посочи дека по завршувањето на имплементацискиот период на Планот 3-6-9, како негов континуитет, Владата изготви драфт верзијата на „Планот 18“, во кој беа вметнати препораките од Извештајот на Европската Комисија, во чие финализирање спроведени се широки консултации со невладиниот сектор, експертската јавност, но и опозиција, потоа со претставници од Делегацијата на ЕУ, земјите членки и самата Европска комисија. Во Документот се вметнати и заклучоците од поткомитетите на Комитетот за стабилизација и асоцијација, краткорочните препораки од спроведените оценски мисии, препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија, ГРЕКО итн.

– Реформскиот Планот 18, кој беше подготвен од страна на Секретаријатот за европски прашања, Министерството за правда, МВР, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии, воедно претставува  документ што е изграден во, веројатно најинклузивниот политички процес во државава, преку бројни средби и размена на идеи и предлози со граѓанскиот сектор, со опозицијата, и во оваа смисла заслужува да биде издвоен од дневниот политички натпревар, и да ја добие соодветната поддршка. Реформските приоритети дефинирани во овој План, покрај суштинското унапредување на општеството, претставуваат и клучен параметар преку кој ќе се мери успешноста на нашите европски интеграции, порача Османи.

Тој најави дека за секоја од областите од реформскиот План 18 ќе следат брифинзи во присуство  на ресорните министри со цел подетално запознавање на јавноста со мерките што треба да се спроведат со јасно утврдени рокови. Првата средба е веќе в петок со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и раководители на институции со надлежности во делот на безбедносната срефа со акцент на ОТА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.