Искрено жалиме што во врска со нашето барање за забрана на новиот спот од кампањата на Владата против абортусот, Советот за радиодифузија донесе „избалансирана“ одлука, очигледно изготвена во Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, реагира денеска СДСМ.
„Имено, во самата информација која ни ја достави, СРД констатира дека нарачателот го прекршува Законот за радиодифузна дејност, поточно членовите 87 и 89. И покрај тој факт, СРД нема храброст целосно да го забрани спотот, туку само го ограничи времетраењето на негово емитување. Со ваквата одлука СРД потврди дека е под целосна контрола на власта и затоа носи партизирани и политички мотивирани одлуки“, смета опозицијата.

Оттаму со повик до СРД да ја преиспита својата одлука. Бидејќи самите констатираат дека со спотот на Владата е прекршен Законот за радиодифузна дејност, нема дилема дека спотот мора целосно да се забрани. Секоја поинаква одлука е потврда дека законите во Република Македонија селективно се применуваат.




