Published: Wednesday, October 2, 2013 15:16
Кривичниот Совет денеска го уважи барањето на адвокатот Владимир Данаилов, на актерот Кирил Поп Христов да му биде определена мерка домашен притвор.
Барањето на адвокатот Данаилов се основаше на влошената здравствена состојба на Кирил Поп Христов, поткрепена со соодветна медицинска документација.
Задоволен сум од одлуката на Кривичниот совет да определи домашен притвор, изјави за НОВА адвокатот Владимир Данаилов.
Актерот Поп Христов е обвинет за недозволено производство и поседување на марихуана.




