НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ја објави содржината на четирите нацрт амандмани на Уставот

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата денеска на седница го усвои текстот на нацрт амандманите  на Уставот на РМ во согласност со Договорот од Преспа и заклучоците на Собранието.

На прес-конференција во Владата денеска нацрт-амандманите ги соопшти премиерот Зоран Заев кој рече дека четирите амандмани „се едноставени, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди“ и истакна дека  заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Првиот амандман, како што соопшти премиерот, се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Како што рече Заев, Рамковниот е составен дел од Уставот но сега се додава само формулацијата.

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е  Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што како што обајсни Заев дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четвртиот амандман покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.

– Токму тоа е за нашата дијаспора, за која останува грижата, но на еден европски начин. Направена е една преформулација на членот 49 за да не предизвика одредени други пречки во иднина. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни  работи. На едноставен начин е прецизирано, но конечно е отстранета која било бојазност од двете страни во преговорите за што било во иднина да претставува пречка во градењето на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Грција, рече Заев.

Тој истакна дека во нацрт-амандманите на Уставот се вклучени и предлозите на новата пратеничка група во Собранието.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.