Секретаријатот на Европската енергетска зедница чија членка е Република Македонија денеска во сооштение изрази загрижеснот поради неусогласеноста на меѓудржавниот догор склучен меѓу Македонија и Руската федерација за гасоводот Јужен тек со правилата на Спогодбата на Енергетската заедница.
Во изјава за НОВА од секретаријатот ни ги појаснија точките поради кои тие изразија загриженост. Во изјавата се вели:
Договорот на Македонија не е усогласен со обврските кои произлегуваат од меѓународните обврски на Република Македонија, а превземени врз основа на Европската енергетска заеднбица кои се дел од македонското законодавство. Станува збор за пристап на трета срана од гасоводот. Таков пристап треба да биде дозволен, а исклучок е можен само со претходно одобрување од регулаторната комисија. Исто така станува збор за одлучувањето за тарифите. Сопстевикот на гасоводот не може сам да одлучува за висината на тарифата која мора да биде потврдена од регулаторната комисија. Загиженсота која ја изразивме се однесува и на таканаречениот “unbundling” што значи дека истата фирма не смее да го врши преност на гас и комерцијалнта продажба на крајните потрошувачи.
Мислиме дека овие обврски не се испочитувани во договорт склучен меѓу Македонија и Руската федерација. Чекаме македонската влада да ги појасни овие наши забелешки.
Секеретаријатот на Енергетската заедница има задача да ги прати исполнувањата на обврските кои се превземени од земјите членки и наша должност е да реагираме. Секретаријатот вака постапи и во случајот на Србија и Хрватска. Слични постапки спроведува и Европската комисија пртив земји членки на ЕУ како Бугарија, Грција и Унгарија, а во врска со договри склучени со Руската федерација.
Пред некој ден пратеничката група на СДСМ јасно укажа на низа незаконски одредби во Спогодбата за планираниот гасоводен крак од јужниот тек. Посочивме неколку одредби кои се спротивни како на домашното законодавство така и на европските стандарди и политики“, потсети пред новинарите Јани Макрадули.
Тој истакна дека без ниту една дискусија, по кој знае кој пат парламентарното мнозинство остана глуво на аргументите од опозицијата. Покрај нив, и претседателот Иванов без да вложи многу труд, го потпиша указот за оваа ратификација, истакна Макрадули.
Денес, потврдата на нашите тези стаса од најкомпетентните, Европската енергетска заедница изразува загриженост за усогласеноста на Меѓувладината спогодба за планираниот природен гас, со acqui-то на Енергетската заедница.
– Секретаријатот смета дека Меѓувладината спогодбатa не е во согласност со правилата на Спогодбата на Енергетската заедница, кои се однесуваат на распределување на трошоците, пристап на трети страни и утврдување на тарифата.
– Секретаријатот бара од Владата на Република Македонија да ги достави своите коментари и објаснувања кои се однесуваат на овие забелешки до 14 октомври 2013 г.
Макрадули ги изнесе следните барања:
– Владата да го достави на јавноста одговорот до енергетската заедница;
– Владата веднаш да го објави договорот помеѓу Стројтрансгас и Македонски енергетски ресурси, кој да потсетам како одговор на мое пратеничко прашање е таен и од доверлив карактер.
„Ова го бараме зашто ист таков договор после објавувањето во Србија ја покажа целата мрежа на корупција и матни зделки поврзани во процесот на договарање за гасификација;
Претседателот Иванов да се изјасни, дали ги имал предвид сите укажувања на експертите од Европа и домашната јавност пред да го потпише указот? Бидејќи со потпишувањето на указот станува соучесник во оваа контраверзна ратификација“, рече Макрадули.




