Едната тепачка се случила вчера утрото во осум часот во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ меѓу четворица средношколци, а другата попладнето во 17 часот во кругот на средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје, соопштува МВР. И двата счлучаи се уште не се ресчистени.
Во првата тепачка учествувале В.Л.(16) од Скопје од една страна и Б.Б.(16) од с.Страчинци, Ќ.К.(17) и Ф.А.(17) двајцата од Скопје од друга страна, разменувајќи си удари со тупаници и клоци, при што си нанеле видливи повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Во училиштето „Димитар Влахов“, група од неколку ученици физички ги нападнале учениците С. Ф. (17) и М.М. (17) од Скопје. По основ на сомнение на разговор се повикани четири малолетни лица и тоа Џ.М.(16) и Ј.Б.(15) двајцата од с.Арачиново, а останатите двајца се на 13 и 14 годишна возраст, против кои по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.




