Пред Кривичниот суд во Скопје вечерва се одржа протест за поддршка на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој е осуден на две години затвор поради набавката на Мерцедесот од 600.000 евра.
Граѓаните кои протестираа велат дека врз Груевски се врши политички прогон.
-Вечерва самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ се организиравме и се собравме да упатиме пораки. Јасно е дека ова што се случува на Груевски е политички прогон. Во случајот ТЕНК, доказот се уште е во Владата на РМ. СЈО има цел за уништување на политичката елита на ВМРО. Сите обвиненија на СЈО се базирани на незаконски начин. Ги охрабруваме судиите да работат во согласност законот на РМ
Го повикуваме претседателот на РМ, да донесе одлука со која ќе го прекине овој политички прогон во РМ.
Упатувам јавна поддршка до Груевски. Фала му за се што направи, неговата борба е и наша борба. Да знае дека македонскиот народ нема да го остави, изјави Александар Трајковски.
На протестот можеа да се забележат бројни истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои Јохан Тарчуловски, Владимир Талески, Тони Михајловски, Драган Данев, Стевчо Јакимовски.