Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Ристовски не поддржува сексуално образование

0
By Нова ТВ on October 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 3, 2013 14:42

Министерот за образование на наука, Спиро Ристовски денеска во Охрид ја отфрли иницијативата на граѓанската организација ХЕРА за воведување посебен предмет сексуално образование во образовниот систем на Македонија, како и предлогот за употреба на нивниот прирачник како средство за едукација на младата популација.

„Денеска бевме информирани за иницијативата, за воведување посебен предмет и посебен учебник за сексуално образование, но не било кој учебник или од било кои автори, туку нивниот кој тие го изработиле како сопствен проект. Ниту една иницијатива нема да не примора да прифатиме било каков учебник да биде употребуван во рамки на образовниот систем на Република Македонија“, истакна Ристовски.

Тој појасни дека понудениот прирачник веќе има добиено негативно мислење на Бирото за развој на образованието, што за Министерството за образование е доволен показател дека не ги исполнува доволно условите истиот да биде употребуван во образовниот систем.

„Во рамки на образовниот систем на РМ, во рамки на предметот за животни вештини, со поддршка на УНИЦЕФ, е изработен посебен прирачник врз основа на кој се информираат учениците за повеќе животни вештини, очекувања и состојби во текот на нивниот раст и развој, меѓу кои има и дел посветен на сексуалното обраозование. Според нас и според УНИЦЕФ, тоа е сосема доволно за соодветно сексуално образование на младата популација“, смета Ристовски.

Министерот за образование рече дека ниту една иницијатива или “желба за добивање определени фондови или средства, нема да ги мотивира или да ги примора да прифатат било чија инцијатива, особено не учебници или прирачници во кои се поистоветуваат односите меѓу мажот и жената со истополовите релации“. „Уште повеќе што во посочениот прирачник на ХЕРА има куп експлицитни термини, тотално несоодветни на возраста на учениците“, смета тој.

„Тоа за нас е апсолутно неприфатливо во тој дел како Влада имаме дефинирано јасна позиција. Сметаме дека во делот животни вештини сосема доволно е опфатена едукацијата на младите по однос сексуалната ориентација“, рече министерот за образование, Спиро Ристовски.

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА денеска објави дека сеопфатното сексуално образование е препорачана мерка за подобрување на здравјето на младите, на мајките и на целото население во три национални здравствени стратегии усвоени од Владата на РМ. Сите предуслови за воведување на ваков предмет се остварени, сметаат од ХЕРА.

Тимот на ХЕРА објави дека ќе собира потписи од 3 до 5 октомври, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, од 11.00 до 16.00. Потпишувањето на петицијата на интернет е возможно преку hera.org.mk.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.