Медицинска сестра од КАРИЛ утринава во 9 и 30 била нападната физички и вербално од семејство на пациент кој починал ноќеска.
Медицинската сестра прво била нападната од мајката на младиот пациент, а потоа и од другите членови на семејството кои и удирале клоци. Сестрата била одговорна да се грижи за пацинетот во изминатите денови.
По нападот, таа веднаш била упатена во Ургентниот центар каде и била дадена прва помош. Сестрата имала повреди на раката и била вознемирана, поради што била испратена на Психијатрија.
На инцидентот, му претходела вербално расправија, бидејќи семејството на момчето одбивало телото да биде предадено на обдукција.
Министерот за здравство Венко Филипче утринава ја посетил медицинската сестра и се очекува официјална реакција од Министерството за здравство.