Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Мерката трето дете се трансформира во еднократна помош

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 15:13

Мерката „трето дете“ не се укинува туку се трансформира. Воведуваме праведно право за демографски развој и додаваме право за прво дете, за второ и за трето дете со цел да нема дискриминација. За првото дете еднокаратен износ од пет илјади денари, за второто дете еднократен износ од 20.000 денари, а за третото дете еднократен износ од 60.000 денари. Ова денеска го соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Дополнително граѓаните кои се во социјален ризик, добиваат право да остварат детски и образовен додаток, дури и оние кои се на минимална плата. Многу е важно дека трето дете како политика ја чини државата на годишно ниво повеќе од 2 милијарди и 600 милиони денари, но резулатите не се постигнати. Секоја мерка може да се воведе и по десет години гледате дали дала ефект или не, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Таа појасни дека ако се следи оваа мерка во десет години, се гледа дека не дала никаков ефект.

– Парите сме ги потрошиле и сме ги пуштиле во еден бунар затоа што во 2001 година наталитетот во Македонија бил 13,3, а во 2016 година тој изнесува 11,1 отсто, што значи дека таа инвестиција ниту е одржлива, ниту е исплатлива. Детската сиромаштија во Македониај е над 30 отсто. Ние сме инвестирале во семејства кои не се во социјален ризик и деца кои не се загрозени. Токму таа мерка никако немаше лимит. Секое семејство, и она кое има 200.000 денари плата и она кое има нула приход можеа да ја остварат оваа мерка. И  со тоа се создава една неправедност, рече Царовска.

Оваа Влада, како што додаде, верува дека само праведен систем, праведно насочување на парите и нивна редистрибуција може да донесе до квалитетна Македонија, Македонија која се движи кон ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.