Published: Friday, October 4, 2013 00:14
Премиерот Никола Груевски зборуваше во Гостивар за проблемот на евроинтегративните процеси. Македонија одамна ги исполнила критиериумите за членство во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ, но пречката е Грција.
Останавме доследи и во одбрана на националните интереси. Во првите три години од преземањето на власта успеавме да ги исполниме условите кои од нас се бараа. Но, нашиот јужен сосед, порано прикриено, но сега и отворено настапува со барање за промена на името на државата, а со тоа и идентитетот. Ние за тоа немаме добиено мандат и затоа тоа не го правиме. Дури и да усогласиме некакви ставови и решенија, тоа нема да го прифатиме без претходна потврда на рефенрендум, изјави премиерот Никола Груевски.




