НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен го поништи референдумот против „рудниците на смртта“

0
By Нова ТВ on November 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставниот суд ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа референдумот против „рудниците на смртта“.

Канадската компанија „Ресервоар минералс“ имаше поднесено барање да се преиспита уставноста на одлуката на советот на Општината.

Иницијаторите на референдумот објаснуваат дека до Уставниот суд доставиле образложение во кое на 18 страници, детално се цитирани сите членови на Уставот и законите на РМ, според кои недвосмислено и експлицитно е наведено дека за оваа прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво. Без разлика на тоа, Уставниот донесе одлука дека рудниците сепак ќе се градат.

Активистот Ангел Наков за „СДК“ изјавил дека судиите треба да поднесат оставка, оти работеле во интерес на загадувачите.

„Одлуката е скандалозна, бидејќи Уставниот суд го погази уставот. Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните на Македонија поради бизнис интереси на странска компанија. Се стави на страната на оние кои планираат од државата да направат пустелија и геноцид на над 500.000 граѓани. Им порачуваме на сите домашни и странски платеници кои наумиле да отворат рудници и да ја уништат нашата татковина дека немаме друга држава и затоа ќе се бориме против тоа“, вели Наков.

Последната одлука на Уставниот суд ги изненади и активистите од „Здрава котлина“ од Струмица. Тие заедно со останатите граѓански активисти од Југоистокот за утре најавуваат протести и блокади. Планирано е на два часа да се блокира транзитниот пат од Струмица кон Бугарија и Валандово и ќе побараат од Владата да не доделува концесии за експлоатација на металично-минерални суровини во овој дел од државата.

Минатата зима се одржаа протести во Скопје и Валандово против овие таканаречени „рудници на смртта“. Граѓаните сметаат дека со изградбата на овие рудници ќе се наруши животната средина и ќе настане еколошка катастрофа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.