Миријам Кери, 34-годишен стоматолог која имала душевни проблеми, е жената која го изврши вчерашниот напад врз Белата куќа и Конгресот, во кој на крајот беше убиена од страна на полицијата.
Вчера околу 14 часот по локално време дојде до пукање пред Конгресот во Вашнгтон. Полицијата ја затвори зградата и ближните објекти.
До пукањето дошло после потерата со автомобили која завршила во Капитол Хил. За пукањето е одговорна жената во црн автомобил која се обидела да ја пробие вратата на оградата пред Белата куќа. По неуспешниот обид започнала потера која завршила кај Капитол Хил.
Американските медиуми јавуваат дека жената во пукањето била убиена, а двајца полицајци се повредени. Во колата со жената била и нејзината двогодишна ќерка, која во инцидентот поминало неповредено.
По инцидентот, полицијата го откри името на убиената жена, како и дека таа била лекувана за душевни проблеми.