Македонскиот премиер решил да го именува Коридорот 8, односно автопатот што ќе ги поврзува Албанија и Бугарија, преку Македонија – Мајка Тереза. Според објавата на весникот Times of India македонската влада исто така размислува да предложи ликот на Мајка Тереза да биде ставен на една од новите банкноти на македонските денари.
Премиерот на Македонија Груевски одлучил да го именува најдолгиот и најважниот автопат на Балканот по Мајка Тереза, објавува весникот.
Тоа е дел од планот на Владата со цел луѓето од целиот регион да се запознаат со Мајка Тереза - родена како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје на 26 Август 1910 година во семејство со албанско потекло – бронзени плочи со нејзините пораки се поставени на различни места во ценатрот на градот.
60 метарската статуа од најголемата хуманистка на модерните времиња ќе биде поставена на еден од главните булевари во градот, благодарение на Субрата Рој.
Рој, кој ја познавал Мајка Тереза во 1990-тите има планови за изградба еден целосен плоштад во македонскиот главен град со гигантски статуа на средината, објавуа Times of India.
Освен тоа, Рој планира да изгради и голем дом за сиромашни и болни лица во близината на Скопје. Се работи за ветување кое Рој и го дал на Мајка Тереза, дека еден ден ќе изгради ваков објект.
„Мајка Тереза е нов симбол на Македонија. Нејзините следбеници ќе доаѓаат тука, секој ја познава, па дури и во земјите на Блискиот Исток“, изјавил Груевски за весникот.
„Скопје ќе биде мека за следбениците на Мајка Тереза, кои сакаат да трагаат низ нејзиниот живот, почнувајќи од куќата каде што била родена“, вели Рој за „Тајмс оф Индија“.
Владата, исто така предлага сликата на Мајка Тереза да биде ставена на банкнота.
Конкурсот на Народната банка на Македонија веќе е во тек за изгледот на нови книжни апоени од 200 и 2.000 денари кои треба да бидат пуштени во промет во 2015 година.




