Пишува Наде Молеровиќ, мотивациски говорник
Некои родители сметаат дека нивната должност е во најголемиот број да им ги задоволат сите барања и желби на своите деца. Понекогаш тоа е поради тоа што додека тие биле мали некои желби не им биле исполнети или поради мислата дека нивните деца повеќе ќе ги сакаат доколку им дозволуваат се.Тие никогаш не се зажалат на сопствените деца, не кажуваат не.Зачудувачки е колку родителите се беспомошни во справувањето со своите 3-4 годишници кога тие го сакаат i-podot. Родителите попуштаат затоа што не сакаат нивното дете да се разочара од нив., да се растажи или пак едноставно не сакаат да слушаат плачење.
Што би требало како родители да направиме? Да им дозволиме на децата понекогаш и да се разочараат од тоа што не добиваат се , веднаш и сега.Треба да ги учиме дека потреба од некоја играчка има и сестричката, другарчето или пак на вие можеби, да ја развиваме емпатијата, сочувството за другите околу нас.
Сакам моето дете да мисли дека е најважната и најдобрата личност на светот. Ваквиот став , ориентирањето, фокусирањето на себе , самољубие може да биде многу погубен и штетен по развојот на детската личност.Тоа значи дека со ваквиот став на децата треба да им го всадиме чувството да се гледаат себе си како прекрасни, неверојатни и успешни во секој поглед.Проблемот на ваквото воспитување потикнување на самољубие, себичност ги потикнуваат децата да имаат впечаток дека се единствените личности на светот кои се важни и дека нивните желби,уживање и успех се единствените потребни нешта за добар живот.
Ова всушност создава деца кои секогаш бараат да си ги задоволат своите желби и потреби и немаат разбирање и сочувство за другите луѓе.Тоа се карактеризира со недостаток на социјално чувство.
Дозволете децата да се борат за тоа што го сакаат, оставете го нека биде разочарано, кажете му не.Дајте му можност да ги жртвува сопствените потреби и желби за доброто на другите.
Ако пронајдете во своето дете нешто што не ви се допаѓа, пгледнете се себеси, ќе ја најдете таа особина во себе.Детето е ваш сензибилен одзив.Детето ве впива, ве емитира.И , затоа, ако откриете нешто што не ви се допаѓа во детето, проверете го тоа на себе и ќе бидете изненадени.Детето не зависи од мајката само од физичката храна, туку зависи на сите можни начини- и поради духовната храна.Затоа, ако вие сте молчеливи, детето ќе ве следи, несвесно ќе го прифати тоа.Ако сте смирен, се препуштате на спортски и духовни навики и тоа ќе биде такво. Нешто што мене лично многу ме загрижува во однос на однесувањето на децата е нивната бесчувствителност, нетолерантност и дискриминирачки однос кон своите другарчиња кои се различни од нив, по однесувањето,психофизичкиот развој, според интелектуалните можности во процесот на учење.
Кога и да се жалат родителите на своите децаа, тие не се свесни што прават.Кога детето ќе порасне и ќе почне да се движи , низ улицие, училиште, во заедницата , тоа учи и од другите.Но, речиси се доаѓа од родителите.Вие бидете молчеливи,сочувствителни,љубезни, бидете радосни и ќе се изненадите кога ќе забележите дека вашето дете ги впило тие ваши особини. Ќе биде најдобро за него доколку може да ја впие тишината.
Треба да се разбере едно: ако на децата им се дозволи многу, тие можат да станат големи диктатори, може навистина да ве искористат.Тоа ќе ви наштети, а, не е добро ниту за нив да им го дозволите тоа, да бидете грижливи и љубезни и кога ќе почувствувате дека ги преминале сите граници.Подоцна детето ќе се снајде во светот во кој никој нема да се грижи за него, а ќе очекува сите да се грижат за него.Претераните очекувања ќе предизвикаат фрустрации кај него.
Дајте му љубов на детето, но не му дозволувајте да доминира. Дистинкцијата е суптилна, но треба да се сфати.Децата знаат дека сте под нивна власт, а секој сака да има моќ, секој сака да биде господар.Тие можат да плачат, да врискаат.Нека врискаат, морате да им го дозволите тоа, тие ќе научат нешто, дека се неможе да се добие сега и веднаш.




