Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градежна прераспределба

0
By Нова ТВ on November 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 13, 2018 10:31

Пишува Александар Петров, архитект

И после толку изгубени години во деградирање на градот и покрај промена на злото, бранот на уништување и понатаму продолжува. Иако се сменија повеќето демократски околности, негирањто на Скопје никако да се спречи или да престане.

Се урива Скопскиот саем (ремек дело на модерната), се уништува шумата на Водно, се гради на Цветниот пазар, Маџир маало интензивно неплански се пополнува, добивме градска болница кај Мајчин дом со тотално отсуство на урбана логика, а еве крикот на галамата за зградата кај Мајчин дом во Аеродром допрва ќе стаса до сите нас.

Оваа последната е клучна во граѓанскиот отпор од постшарената револуција, во новосоздадениот политички фолкор. Моментум на преостанатиот рез во кој некој ќе мора да ја плати нанесената штета. Или засегнатите граѓани, кои и натаму ќе бидат девалвирани со нивниот имот и маалски живот или градежните хакери, кои конечно ќе мора да се повлечат од клиентизација и соучество во корумпирање на  општините.

И едните и другите се заштитени со правото на сопственост и тоа мора да го знае дури и Уставниот суд. Затоа, верувам дека ќе победат првите, затоа што само така отпорот ќе стане опомена за овие другите (инвеститорите со нивните деривати), кои ќе мора да ги согледаат последиците доколку и понатаму се инаетат и лакомат за профит (Општините , инвестиорите,и сопствениците на градежни парцели  сакаат да профитираат на туѓа штета).

Тие се силите на терен кои, впрегнати околу јавниот простор, ја пробиваат заедничката празнина нагризуваат од колективното тло преку чии парцели се шпекулира со вкрстен интерес.

И секако тука се планерите, најдискриминирани и отсутни, кои немаат моќ од стрвноста на овие последниве. Нивниот девалвиран труд и ограничен маневар им ги определува условите и ги угнетува нивните професии.

Впрочем, на јавните дебати за усвојување на општинските дупови засегнатите за доградби  и профит се најприсутни, најгласни и најагресивни, не дај боже планерите да вцртале помала маркичка на нивната парцела, подготвени се и физички да се пресметаат со нив.

Затоа мора да се навлезе во сржта на проблемот и да се делува што поскоро во постоечките  ДУП-ови осудени на пропаст. Урбанизмот кој се создаде во изминатиот период се планираше преку катастарските парцели. Преку урбанистичкото планирање се вршеше сукцесивно зголемување на стекнатите права по основ на сопственост на градежно земјиште, а не хуманизација на просторот и помагање во зголемување на неговата вредност.

Планирањето директно зависи од потребите на нарачателот, а никако од општествените потреби, јавниот интерес, одржливиот развојот и потреба од убав и среден град. Системот на урбанистичко планирање е во спрега со инвеститорот, а не со општото добро. Таквата нанесена штета не може да ја процени ни Врховниот суд, кој е неписмен да го увиде конфликтот насобран во доставените технички елаборати.

Мораториумот или регулациските планови се можни инстант -решенија, но доколку се негираат или се нема храброст да се поддржат, мора да се изнајде друго креативно образложение. Бидејќи Општината е одговорна за својот детален план, мора да се вооружа, не со партиски советници, туку со добро оформени профеционалци и да созададе општински  урбанистички управи кои ќе имаат ингеренција, контрола и одговорност врз деталните планови на самиот терен и преку стручни кадри ќе го решава проблемот на подог период, преку конкретни и опипливи мерки, без да се губи во јавниот популизам на политичкиот пазар.

Доколку не се способни да се изборат во таа насока и не поседуваат визија за каков било  развој на нештата и нивна заштита, ќе мора да си поднесат оставка и да остапат место на некој поспособен што ќе знае да се носи со затекнатите проблеми.

Ова важи за градоначалникот на општина Аеродром, но и останатите негови колеги сопартијци кои прерано се препуштија во комодитетот на инертноста, потонати во големиот проблем.

Во моментов на целиот град му треба едно јасно спознавање, прераспределба, реорганизација, уривање, прочистување и на крајот, упростување, за да се заштити преостанатото од  јавниот ресурс.

За да може тоа да се постигне потребен е нов Генерален план, план со амбиција, план што ќе се граничи со сништата и разумот. За тоа секако е задолжен градот, кој мора да го донесе до 2025 година, со поголемо продлабочување и ингеренции. Преку тој план  може да се контролираат насоките на новите ДУП-ови кои ќе помогнат  во понатамошна изработка за адаптирање на современите потреби.

Затоа е битно, новиот ГУП и придружните ДУП- ови да се постигнат преку меѓународни конкурси, каде ЗЕЛС ќе бара искусни проектантски институции за да стигне до најдоброто можно решение. Во склоп на едно такво мноштво  од  решенија да се избере најподобното, рационалното и најкорисното, со определен развој  и стрикно одреден  јавен интерес. Таквите решенија да бидат добро платени за да си ја завршат задачата колку можат подобро, а градот да го одврзе ќесето и на тој начин да ги потроши парите на најдобар можен начин.

Само преку таква процедура може да се дојде до рамнотежа помеѓу градежните сопственици и  локалните жители каде конкретно ќе се форсира најквалитетната организација на просторот. Добитното  решение го прогласува мешовита жири комисија предходно усогласено и јавно соопштено уште пред да започне конкурсот.

Во една таква комисија членуваат социолози, архитекти, писатели, психолози, уметници, ботаничати и еколози со интегритет и критериум кои ќе знаат да ги спознаат оригиналните потези да го прочитаат корисното  и изводливото и да не дозволат бледите импровизации повторно да го запрепастат градот.

Победничкиот проект изработува голема макета, во голем размер, што ќе може да се опипа и да се гледа од сите можни агли, за конечно граѓаните да ја разберат и колективно да ја спознаат својата иднина по која ќе треба да живеат следните генерации. Ќе може преку дофат со прстите да ги измерат растојанијата помеѓу зградите, празнините, парковите, улиците, да прочитаат за бројките за новосоздадените густини, поткрепени со училишта, инфраструктури, институции и се она што му е потребно на еден град неприкосновено да функционира; флексибилен пост -трауматичен град во кој контурите и силуетите мора конечно да му се обноват и да заживеат. Само на тој начин урбанизмот нема да зависи од  урбанистичките парцели, туку по широки, јавни и корисни пространства, во чија поставеност правилата нема повеќе да ги налагаат имотните сопственици.

Доколку таквите усвоени планови не им бидат од интерест, ќе бидат приморани на здружување на своите парцели и на тој начин да бараат економска исплатливост, во новоформираниот квалитетен простор. Со квалитетна урбанизација, секако можеби нема експресно да се збогатат, но на подолг период нивните добро поставени објекти секако ќе добијат на вредност а со тоа и економска предност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.