НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пописот во 2020 година без прашања за етничка и за верска припадност

0
By Нова ТВ on November 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пописот на населението во Македонија ќе се спроведе во април 2020 година. Планирано е да бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи на осум јазици, при што ќе се користи комбиниран метод: податоци на терен и податоци од регистри, изјави на денешниот брифинг со новинарите директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Комбинираниот метод, како што појасни тој, се базира на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување со податоци од претпописна статистичка база на податоци добиени од постоечки регистри што се поврзани со користење единствен матичен број награѓаните.

За изградба на претстојната пописна база ќе се користат податоци од Министерството за информатичко општество и администрација, МВР, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Централен регистар, УЈП, Министерство за здравство и Министерство за надворешни работи.

Според Симовски, пописот ќе чини 8,5 милиони евра, од кои 3,5 милиони евра ќе бидат за Пилот пописот што ќе биде спроведен во април 2019 година и за набавка на опрема, а пет милиони евра за лицата што ќе бидат ангажирани за спроведување на пописот во 2020 година.

На предлог од Државниот завод за статистика во нацрт верзијата на законот за попис се бара да нема прашање за етничка и за верска припадност за пописот да се заштити од политизација, туку да има прашање за јазикот, односно за јазикот што вообичаено се зборува во домаќинството и за мајчиниот јазик.

– Податокот за етничка припадност нема никаква употребна вредност, туку само се злоупотребува за политички цели и поради тоа стојам на ставот дека тој не треба да биде дел од пописот, рече Симовски.

Нацрт законот за попис најдоцна во понеделник ќе биде ставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РМ (ЕНЕР) со цел да се добијат забелешки доколку има по текстот на законот, до крајот на годинава се очекува законот да ја помине владината процедура, а во февруари идната година да биде донесен и од Собранието.

Пробниот пописот ќе биде спроведен во април 2019 година во 32 пописни подрачја, а ќе бидат опфатени четири пописни кругови во осум региони. Како што рече Симовски, пробниот попис ќе се спроведе во Гостивар, Зелениково, Кисела Вода и во Свети Николе, а ќе опфати 3.000 домаќинства.

Со пописот во 2020 година ќе се попишува населението кое е во Македонија, како и странците кои се со подолг престој од една година во земјава, но ќе се врши попис и на отсутно население, кое е надвор од земјава повеќе од една година.

Директорот на ДЗС посочи дека попишувачи ќе бидат лица од локалното население,  добро обучени, кои ќе треба да имаат познавање на ИТ технологијата, бидејќи попишувањето ќе се врши на лаптоп, а не со хартиени прашалници.

Со попишувањето на овој начин, како што посочи Симовски, ќе се намали времето за прибирање на податоците, ќе се намалат трошоците за пописна операција, како и времето потребно за обработка на податоците. На претходните пописи податоците биле обработувани за една до една ипол година, а сега се планира тоа да се заврши за не повеќе од три месеци.

Меѓунродниот експерт за попис Вернер Хауг  на брифингот со новинарите ги презентираше меѓународните стандарди спроведување на попис на населението.

2020 попис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.