Пред 13 години на овој датум, по големите протестите, заврши владеењето на Слободан Милошевиќ.
По неколку денови протести низ Србија, со кои се изразуваше револтот и не се признаваа резултатите од претседателските избори, на 5 октомври 2000 на улиците на Белград се собраа стотици илјади луѓе од цела Србија.
Првиот демократски претседател на СРЈ стана Воислав Коштуница кој на 7 октомври 2000 положи свечена заклетва пред пратениците на Сојузното собрание.
Слободан Милошевиќ во април 2001 е уапсен за проневера , а два месеца подоцна беше екстрадиран во Хаг , каде што му се судеше за геноцид во Босна , воени злосторства и злосторства против човештвото во Хрватска и Косово. Тој почина на 11 март, 2006 година од срцев удар во неговата ќелија во Шевенинген.