НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: „Скромниот“ Груевски во 2012 се одмарал на Сејшелите

0
By Нова ТВ on November 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во бурата реакции по објавата за бегството на Никола Груевски до редакцијата на НОВА стасаа видео снимки од анонимен дојавувач како илустрација за како што се наведува во пораката демагогијата на поранешниот премиер кој на јавноста и се претставуваше како скромен човек посветен на работата за доброто на државата.

Неговото бегство овие денови ја отвори и дилемата за неговата имотна состојба која е се уште непозната за јавноста. Државните институции во изминатиот период направија низа на пропусти меѓу кои и таа да воспостават контрола и увид во имотната состојба на поранешниот премиер обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои и такви кои укажуваат на сомневања за нелегално стекнување на финансиски капитал.

Неговото бегство во Унгарија е сериозна индиција дека Груевски располага со суми на пари кои ги надминуваат праговите на легално стекнат капитал од редовни примања на еден премиер.

Овој видео материјал е снимен во 2012 година кога Никола Груевски тогаш премиер на Р. Македонија престојувал на егзотичните Сејшели сместен во хотелски комплекс каде што според нашите сознанија едно ноќевање чини повеќе илјади долари. Овие снимки ја откриваат приватноста на Груевски, но за редакцијата на НОВА се релевантни само како доказ за демагогијата на неговата ПИ АР стратегија пред јавноста да се прикаже како скромен човек посветен само и само на македонската кауза како што самиот вели во неговиот последен пост на ФБ во кое ја информира јавноста дека се наоѓа во Будимпешта. Целта на оваа објава е во согласност со стратешките определби на уредувачката политика на НОВА да ги разоткрива и демаскира сите обиди за политичка демагогија чија цел е манипулација на граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.