– Барем ако немаат храброст да ја поздрават оваа мерка, барем да молчат и да се сокријат во сопствениот гнев и омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Петар Атанасов од ИО на СДСМ кој ја стави под знак прашалник лотаријата за вработување од социјалните случаи во Македонија.
Од владејачката партија велат, СДСМ незнаејќи како да го засенат проектот и да ја поматат среќата на луѓето на кои им е најпотребна, излегле со куп измислици и квалификации.
Атанасов: Фалат уште гладијаторскски игри на Филип Втори
„Нема ништо потажно од тоа партијата која ги создаде невработените, сега да го критикува нивното вработување и нема ништо полицемерно од тоа партијата која им ги затвори фабриките, им го згорчи животите на овие луѓе, сега да глуми душегрижник на нивните судбини“, пишува во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека најмалку што може денес СДСМ да направи е да излезе и јавно да се извини и да побара прошка за тажните и тешки судбини на луѓето кои останаа без работа, токму во периодот кога тие управуваа со државата.




