„Кога во Сирија гинат секој ден илјадници христијани, и кога вселенски Патријарх ќе се зафати за “слободата” на еден епископ, што друго да кажам освен дека тоа е врв на лицемерие кон домаќинот“, изјави за НОВА, европскиот митрополит г. Пимен.
Реакцијата следи по квалификациите дека МПЦ е „нехристијанска и парацрковна“ потенцирани на одбележување на 1.700-годишнината од донесувањето на Миланскиот едикт во Ниш, Србија од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј, чиј говор го читаше српскиот владика Иринеј бачки, навредите се изречени поради случајот со Јован Вранишкоски.
За патријархот Вартоломеј МПЦ е парацрква
„Христијанството цели три века било во постојан прогон, но со вера и смирение обраќајќи се кон Бога, измолиле слобода за идните генерации. Господ Бог нè учи дека: кој претрпи до крај, ќе биде спасен, а не кој бил поканет во Ниш дека ќе биде спасен“, вели владиката Пимен.
Тој истакнува дека Христијанството цели три века било во постојан прогон, но со вера и смирение Христијаните обраќајќи се кон Бога, измолиле слобода за идните генерации.
Според архиепископот охридски и македонски, кога ќе се надмине спорот што го има Република Грција со името на Република Македонија проблемите во православната црква ќе бидат надминати.
Реагираше вчера г.г. Стефан за отсуството на МПЦ ОА од настаните посветени на 1.700 години од Миланскиот едикт, што се одржуваат во Србија.




