Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванова: Ги префрлив парите во Монако за да инвестирам во странство

0
By Менче Атанасова Точи on November 27, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 17:28

Вера Иванова, сопственичката на “Диамед Македонија”,  за НОВА потврди дека и се блокирани двете сметки- нејзината приватна во Тутунска банка и втората-странска, која се води на правно лице во Монако.  Иванова тврди дека досега од ниту една институција не е известена зошто и се блокирани сметките, туку тоа го открила кога отишла да го плати данокот.

“Диамед Македонија”  на почетокот на месецот беше продадена на шведската фирма “Дијаверум”, a целата работа „букна“ кога Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара запирање на финансиските трансакции на сметките во Монако.

„Блокирана ми е личната сметка во Тутунска банка и странската која се води на правно лице, за што досега никој не ме известил. Дека се блокирани трансациските открив  дури кога отидов да платам данок за купопродажбата на фирмата Дијаверум“ изјави Иванова за НОВА.

Пред четири дена ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека е оформен предмет, а надлежниот јавен обвинител дошол до сознанија дека правното лице – концесионер на Центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако.

Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра.

Иванова тврди дека не може да каже која е висината на износот на сумата на сметките кои се блокирани, бидејќи како што рече, има Договор за тајност на податоци со компанијата која го купи Диамед Македонија, но најави дека за целата оваа ситуација наскоро во јавност ќе излезат со став од компанијата Дијаверум од Шведска. Иванова не негира дека значителен износ од парите се префрлени во Монако, на сметка на нејзината фирма и како што вели, тоа го направила затоа што планирала да инвестира надвор од државата.

„Мојот влог во фирмата која ја управував е 75 проценти и јас ги изнесов тие средства за да можам да инвестирам надвор од државата„ изјави за НОВА, Вера Иванова.

И од адвокатското друштво Давидовиќ-Јанковиќ, кои се правен застапник на Иванова тврдат дека досега не добиле Решение од Основен суд 1 со образложение зошто се блокирани сметките.

„Иако пративме Барање, досега не ни е издадено Решение од судот за да можеме да доставиме  Жалба“, изјави за НОВА Звонко Давидовиќ, правен застапник на Иванова.

Од Адвокатското друштво  денеска соопштија дека средствата од продажбата на Диамед Македонија од страна на купувачот Диаверум од  Шведска се уплатени на девизната сметка на Вера Иванова во Македонија и на девизната сметка на Смарт Колдинг Лимитед во Кнежевство Монако.

„Износот на купопродажната цена за кој се шпекулира дека му припаѓа на Г-дин Мијалков, Г-дин Груевски или Г-дин Новачевски е едноставно неточна информација бидејќи сопственик на сметките исто како и на  правните лица кои ги наведовме е Вера Иванова“, се вели во соопштението.

Тие го доставија и сертификатот односно регистрацијата на „Смарт Холдинг Лимитед “ во Монако за да потврдат дека сопственик на таа фирма е Вера Иванова.

Со години се шпекулира дека вистинскиот сопственик на Диамед Македонија е всушност Ристо Новачевски, венчалниот кум на екс премиерот Груевски од неговиот прв брак, а Иванова се води како официјален соптвеник во документацијата. Диамед Македонија е фирма го доби тендерот за дијализа во девет центри, а со нив треба да стопанисува до 2034 година. Останатите центри на тендерот ги доби фирма на Орце Камчев.

Инаку, Новачевски и е познат на јавноста како сопственик на повеќе фирми кои добиваа тендери во време на владеењето на Груевски, а неговото име многу често се спомнуваше во аудио-снимките од прислушуваните материјали од „бомбите“.

Иванова тврди дека Новачевски не стои зад Диамед Македонија, а неговата поврзаност со фирмата била во тоа што тој таму работел неколку години како директор за развој.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.