Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хиперпродукција на стоматолози-половина од нив не работат на струката

0
By Менче Атанасова Точи on November 28, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 28, 2018 12:00

Од вкупно 3880  лиценцирани стоматолози во државата дури 1500 до 1800 од нив не можат да најдат работа или воопшто не работат на струката за која се школувале.  Преголемиот број на дипломирани стоматолози доведе до тоа голем број од нив да работат како стоматолошки асистенти во ординациите, нешто за што е потребно средно образованите или се вработуваат во фармацевските компании,  но има и такви кои егзистираат од работи кои немаат никаква допирна точка со стоматологијата. Овие фрапантни податоци за НОВА ги потврдија во Стоматолошката комора на РМ.

„Факт е дека имаме хиперпродукцијата на докторите на стоматологија, но и факт е дека нема долгорочна стратегија  за проблемот со кој се соочува државата. Ваквата ситуација не е само на примарно ниво,  туку има хиперпродукција и на стоматолози специјалисти кои во моментот ги има над 700 од различни специјалности“, изјави за НОВА, Марјан  Денковски, претседател на Стоматолошката комора.

др.Марјан Денковски, претседател на Стоматолошката комора

Комората досега има издадено над 500 лиценци за специјалисти од различни области на стоматологијата. Над 200 од нив никогаш не дошле да ги подигнат лиценците и работат како општи матични стоматолози, велат од таму.

Според официјалните податоци од двата Стоматолошки факултета во Скопје и Штип во момент  на специјалистички студии има околу 140 специјализанти кои треба да завршат за година до две.

Загрижувачки е бројот од околу 700 специјалисти, а бројот до 2020 година се очекува да се зголеми на над 800.

„Со место во мрежата и со договори  со ФЗОМ  во моментот има околу 220 стоматолози. Аналитичка проценка е дека  200 до 250 специјалисти по разни основи не се и нема да се заинтересирани да влезат во мрежа на специјалистички ординации, со што се доаѓа до заклучок дека би добиле бројка од  околу  500  специјалисти кои се реално заинтересирани за склучување на договор со ФЗОМ што е огромен број кој едноставно системот на ФЗОМ неможе да ги апсорбира’, вели Денковски.

Проблемот со кој се судира државата со одлевање во странство на лекари од општа медицина, не се однесува на стоматолозите. Во земјите од ЕУ и во другите држави во светотот не се бараат стоматолози, така што  мал и незначителен број од нив ја бараат егзистенцијата надвор од Македонија.

Државата, со отварањето на неколку факултети создаде хиперпродукција на кадар. На веб страната на Агенцијата за вработување нема податоци колку невработени стоматолози во моментот има во државата, колку од нив се регистрирани деака бараат работа. Но, секако доктор по стоматологија не меѓу најбараните 25 професии. Според податоците на Агенцијата за вработување, се бараат продавачи, тесари, келнери, хигиеничари, но не е и стоматолози.

Младите дипломирани стоматолози се револтирани бидејќи не можат да најдат работа, а во странство оваа професија не е барана.

„Додека државата дозволува уписи на нови генерации на студенти по стоматологија со што се создава хиперпродукција на кадар, ќе се зголемува бројот на невработени стоматолози или пак,  тие ќе работат во дејности кои што немаат врска со нивната професија“, вели А. С, дипломиран стоматолог кој е без работа.

Тоа беше и причината Стоматолошката комора да реагира кога се појави информацијата за акредитирање  на петти факултет, велат од комората.

„ Секако тоа е и причината зошто како Комора инициравме  континуирани разговори на оваа тема  со деканите на стоматолошките факултети во Македонија. Секако дека за  мораторум на уписи не може да зборуваме, но сите бараме заеднички став, заедничко решение и начин за да се ограничи пред се бројот на студенти кои се запишуваат на факултетите по дентална медицина“, вели Денковски.

Во моментот се бара долгорочно решение со сите инволвирани институции бидејќи  хиперпродуцијата на специјалисти не покажува тенденција на опаѓање, но напредок нема.  А, ситуацијата е загрижувачка.

Во иднина дури се очекува и пораст  бидејќи акредитацијата на приватни специјалистички студии , како и со перманентно барање на факултетите за зголемување на квотата на специјализанти  водат во таа насока велат во Комората.

Покрај разговори за политиката на уписи со факултетите , но и со  надлежните институци се разговара и за  решение  и за специјалистите од стоматолошки области  кои веќе се во мрежа на здравствени , но и уште повеќе за изнаоѓање на решение за оние специјалисти кои се надвор од  мрежа (кои секој ден се во поголем број), бидејќи  уредбата за  мрежата на специјалистичките ординации од 2012 година досега со години не ја почитувале  ниту Фондот за здравствено осигурување,  ниту Министерството за здравство.

„ Според информациите што ги имаме  добиено од Фондот и Министерството  и  согласно уредбата за мрежа на специјалисти потребни во РМ, во моментов постои празно место за влегување во мрежа со договор со Фондот за специјалист протетичар, во североисточниот регион и има места за ортодонти во државата, но не поради тоа дека реално треба туку затоа што за ортодонтите важи правилото- на 8000 жители еден специјалист, а не како за другите две специјалности од 75.000 до 100.000 жители“, велат во Комората.

Имено, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување не ги пополнувале  празните места за специјалистички ординации во мрежата кои настанувале по разни основи  и ставот на институциите досега бил дека оние кои при концесионирањето во првиот наврат влегле во мрежата, а се повеќе од предвидените проекции на двете институции, сега треба да се намалат по природен пат,  по однос на пензионирање или други основи,  што доведе до низа аномалии околу обезбедувањето на правото на осигурениците во голем број на општини.

Во Стоматолошката комора велат дека во моментот  со министерот за здравство Филипче и во министерството се  прават напори да се изнајде некое решение кое би го решило пред се дефицитот на определени специјалности во поголемите општини ( над  10.000  жители), а каде веќе постојат специјалистички тимови  кои се надвор од мрежата и се анализира под  кои критериуми би се направило проширувањето.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.