„Обвинителството направило замени на тези“ рече во своја одбрана поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман – последниот на листата обвинети во случајот „Фаланга 2“.
Како што објавува Нова Македонија, тој пред судот изјавил дека во копањето на Катлановско и Делчевско се барало закопано богатство и се било законски спроведено. Паско Кузман објасни дека доколку се нашло нешто тоа ќе и припаѓало на државата.
Кузман се товари за злоупотреба на службената положба и овластување дека незаконски издал согласност да се вршат ископувања кај местото Драмски Рид во околината на Делчево и кај Велес.
Неодамна Обвинителството побара тројца обвинети, да одговараат и за кражба на артефакти. За двајца од обвинетите, српските државјани кои се во бегство, на барање на Обвинителството судската постапка на уште на првото рочиште беше раздвоена, што значи дека нив ќе им се суди посебно.




