ВМРО-Народна партија и по Статут и по досегашното однесување целосно застанува во одбрана на интересите на Македонската Православна Црква. Се обврзуваме дека и понатаму ќе даваме полна подршка и придонес за конечно добивање на автокефален статус на Македонската Православна Црква без да се мешаме во внатрешните работи на црквата.
Нашата исклучително политичка подршка произлегува од Уставот на Република Македонија и законот за политички партии за целосно разграничување помеѓу религијата и политиката. Од тука очекуваме исти таков однос да има и црквата кон политиката, соопштува ВМРО-Народна партија.
Но за жал, деновиве поглаварот на Македонската Православна Црква, Господин Господин Стефан најблаго кажано излезе од својот делокруг на ингеренции и еден голем црковен проблем го трансформира во политички, со тоа што изјави: ‘‘ Проблемот со непризнавањето на Македонската Православна Црква од страна на Српската Православна Црква е директна последица на спорот со името што Република Македонија го има со Република Грција за потоа да додаде оној момент кога тој спор ќе биде решен Српската Православната Црква по автоматизам ќе ја признае Македонската Православна Црква‘‘, соопштува ВМРО-Народна партија.
ВМРО-Народна партија анализирајќи ја токму последната реченица од изјавата се прашува?
1. Имајќи го во предвид тврдиот став на Синодот на Македонската Православна Црква за името да не се менува ни по која цена што е еднаков и со ставовите на комплетната владеачка структура прашуваме кога тоа ќе се случи?
2. Зошто во времето на заедничкото 45 годишно живеење во рамноправност во заедничката држава кога Македонија реално според својата Уставна положба немаше никаков проблем со Грција, Српската Православна Црква не ја призна Македонската Православна Црква.
Одговорно тврдиме дека во тоа време клерот во Република Македонија уживаше во самопрогласената автокефалност и не си го расипуваше комодитетот што го имаше за да бара признавање. Со таквото нивно однесување освен тие самите и политичарите, верниците во Република Македонија воопшто не ни знаеа дека Македонсата Православна Црква не е призната од Српската Православна Црква.
Со оваа изјава на Дедо Стефан продолжува праксата високите црковни авторитети и политичарите во Република Македонија секогаш кога се работи за загрозеност на Македонскиот идентитет елегантно да се амнестира Српската Црква и држава од одговорност. Но вистината на однесувањето на Српската политика кон Македонија е сосема поинаква и логичен заклучок би бил следниот.
Засилениот интензитет на преговори на Република Србија со Европската Унија за членство укажува дека Србија ќе биде првата идна членка на Европската Унија со право на Вето.
Дали сме свесни дека Република Србија со правото на вето може да постави услов за Македонија како кандидат прво да ја признае Српската Православна Црква во Македонија на чело со Јован Вранишковски. Тоа не е тешко да се заклучи бидејќи таквите условувања и барања ги имаме скоро секојдневно и сега, стои во соопштението на ВМРО-Народна партија.
ВМРО-Народна партија загрижена за последиците од ова изјава бара дополнително однесување, и повторно апелира да се почитуваат јасно разграничените ингеренции според Уставот на Република Македонија помеѓу политиката и религијата.




