Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев- “Проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин“

0
By Нова ТВ on October 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 8, 2013 15:09

„Да ја вратиме средната класа“ е основната порака на новата Програма на СДСМ. Слоганот прецизно го отсликува фокусот на СДСМ кој е насочен кон враќање на значењето, позицијата и достоинството на огромното мнозинство граѓани на Република Македонија кои припаѓаат или треба да припаѓаат на средните општествени слоеви. Нема демократија без средна класа. Нема напредок без стабилна средна класа која чувствува дека политиката и носи подобар живот и отвара повеќе шанси, објави пред новинарите претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој најави дека од денеска започнува презентацијата на мерките содржани во новата Програма на СДСМ.

Преку отворени и јавни форуми и дебати низ цела Македонија, во пишана или електронска форма очекуваме предлози, сугестии, критики од нашите сограѓани, од претставниците на различни професии, стручни лица и експерти во поедини области, од здруженија на граѓани и поединци. Низ ваква процедура, некаде кон средината на Декември ќе го оформиме и заокружиме конечниот текст и содржина на документот чија практична реализација ќе значи подобрување на условите за живеење на секој граѓанин, на секое семејство во Македонија.

Новата Програмата на СДСМ изобилува со конкретни и практични мерки и решенија за сите области на општественото живеење, потенцира Заев.

Првиот од проектите кој ја истакнува определбата на СДСМ за враќање на средната класа во Република Македонија е наречен “Проект за повраток на ДДВ на секој граѓанин“.

Нашиот предлог е: на секој граѓанин, или попрецизно, на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ, истакна Заев.

Какви ќе бидат ефектите од примената на оваа економска мерка:

– со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно.

– На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари.

– ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки.

– Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“.

– Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти.

– Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина.

– На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните.

– Враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, на секои три месеци.

– По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над 30 милиони евра) повеќе пари отколку сега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.