Published: Tuesday, October 8, 2013 20:31
Неаргументиран, паушален и неодржлив, направен без доволно анализа и проценка. Вака вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски го оцени предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за враќање на ДДВ на секој граѓанин.
Пешевски додаде дека оваа Влада изврши намалување на даноците, на персоналниот данок од доход и на данокот на добивка на 10 проценти.
Инаку лидерот на СДСМ, Зоран Зaев денеска презентира проект за поврат на ДДВ, а чија основна порака е „Да ја вратиме средната класа“. Се предлага на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ.




