Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попреченоста е приказна за љубовта и борбата за достојно место во општеството во кое секој може да расте и да напредува

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ВЕСТИ
Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс на средба со деца со попреченост; Извор: УНИЦЕФ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 3, 2018 17:00

Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ

Проценуваме дека има околу 21.000 деца со попреченост во земјата. Исто така, цениме дека речиси половина од нив можеби не одат на училиште и имаат малку можности за игра и пријателство.

Кога пристигнав во Македонија пред повеќе од една година, најтажна ми беше посетата на институцијата Демир Капија. Таа е наменета главно за возрасни со тешка ментална и телесна попреченост, но спротивно на сите меѓународни стандарди, оваа институција за возрасни имаше и крило за деца.

Условите беа како во некој Дикенсов роман. Деца од сите возрасти лежеа безживотно во креветчиња, нестимулирани и несакани, со скапани заби кои никогаш не ги погледнал стоматолог. Јас нежно го ставив прстот во рачето на едно од децата и тоа толку очајно го стисна, а бледа насмевка му се појави на лицето. Очигледно, тоа беше редок момент на приврзаност и поврзување коешто толку многу им треба на сите деца – без оглед на попреченоста. Но, јасно беше дека тие се лишени од тоа.

Заедно со министерката за труд и социјална политика и Амбасадата на Британија, се договоривме дека ќе работиме деноноќно за да ставиме крај на институционализацијата на децата.

Демир Капија е најекстремниот дел од приказната за децата со попреченост во земјата. Лицата со попреченост и групите родители веќе долго време се борат за достоинство и еднакви можности за своите деца. Проценуваме дека има околу 21.000 деца со попреченост во земјата. Исто така, цениме дека речиси половина од нив можеби не одат на училиште и имаат малку можности за игра и пријателство.

Освен деинституционализацијата, Владата на Британија и УНИЦЕФ соработуваат со Владата на Македонија во три клучни области за да се создадат услови сите деца со попреченост да бидат вклучени, да се развиваат и да го остварат својот целосен потенцијал.

Прво, сите соработуваме на иновативни мултимедиумски кампањи за прекинување на стигмата, поголема видливост на децата со попреченост и промовирање позитивна слика за нивното вклучување во општеството. Нашето истражување ни кажува дека на овој начин бројот на луѓе кои веруваат оти децата со попреченост треба да се вклучат во редовните училишта шестпати се зголемил. Исто така, при моите посети низ земјата, родителите ми велат дека за првпат нивните деца се чувствуваат пријатно надвор на отворено… и дека сега може да се видат повеќе лица со попреченост на улиците. Истражувањето потврдува дека сѐ поголем број граѓани редовно комуницираат со деца со попреченост. Лесно е да се заборави дека до пред само неколку децении имавме иста ситуација во Британија и други земји со висок приход. Тука има уште многу да се направи, но, ваквите променети ставови ќе покренат демократски барања за поголема инклузија.

Второ, можноста да им се помогне на децата со попреченост да добијат тип на рана интервенција со која максимално ќе го развијат својот капацитет е попречена поради недостаток на рано откривање на попреченост и, сосема искрено, поради нехуманите методи за проценување на детето кога ќе се открие попреченоста.

За да се реши ова прашање, ние го поддржуваме системот на патронажни сестри за да го интегрира раното откривање на попреченост и доцнење во развојот во своите пост-натални посети во домот на семејството. Во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, ја воведовме Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) како инструмент со кој на професионалците од различни сектори им се помага да работат заедно на идентификување на она што детето може да го прави, т.е. како може да учи, и на поврзување на семејството со услугите што ќе одговорат на неговите способности. Од клучно значење е ова да се прави со емпатија и без непријатност за детето, како и со фокус врз способноста, а не врз попреченоста.

Трето, работиме со Министерството за образование, со цел сите деца со попреченост да го започнат своето образование во предучилишните установи, а нивното учење да се совпаѓа со нивните способности. Оваа реформа се одвива во контекст на еден поширок процес на реформи во образовниот систем, при што се прифаќа дека различноста во училницата е предност и дека основната улога на наставникот е постојано да ги поттикнува сите да го користат мозокот, без оглед на способноста, личноста или културата.

Можеби нашата цел звучи идеалистички, но сакаме да се стави крај на стигмата, да се воспостави систем, попреченоста да се открива рано, со емпатија и поддршка, и секое дете да има свое место на училиште.

Денес го прославуваме фактот дека и последните преостанати деца се преселени од Демир Капија во мали групни домови, каде ќе добиваат континуирано внимание, љубов и грижа, секогаш кога им треба. Се надеваме дека на крајот, повторно ќе се обединат со своите семејства или ќе бидат посвоени. Во изминатата година, со поддршка од УНИЦЕФ и Британија, Владата го намали бројот на деца кои живеат во институционална заштита за 30 проценти. Но, тоа не е доволно. Ние сакаме да се дојде до нула. На крајот на краиштата, нивната приказна и приказната на сите деца со попреченост е приказна за љубовта и борбата за достојно место во општеството, во кое секој може да расте и да напредува. Заедно со Британија и УНИЦЕФ, ќе работиме со сите членови на општеството за ова да се случи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.