Published: Wednesday, October 9, 2013 10:41
– Ние во СДСМ имаме и желба и енергија и знаење, имаме и нов тим кој сака да ја поведе Македонија напред кон иднината. Убедени сме дека народот ќе ја препознае оваа нова енергија и новите идеи и ќе ни даде шанса да ја поведеме Македонија во вистинскиот правец, кон демократски и економски развој. Друг правец нема, се друго е една обична популистичка демагогија, вели Зоран Заев, претседателот на СДСМ во својата основна порака во Програмата на Социјалдемократскиот сојуз.
Во својата порака, Заев говори за визијата, прогресот, и иднината на Македонија според гледиштата на СДСМ.
„Да ја вратиме средната класа” е основната порака на новата програма на СДСМ.




