Невладината организација „Каприкорн“ од Струга со соопштение до јавност ги повикува стружани на националниот празник 11 Октомври сами да го постават државното знаме и да не го чекаат градоначалникот Зијадин Села, кој најверојатно и годинава нема да го истакне македонското знаме.
Ова е реакцијата на невладината организација „Каприкорн“ од Струга на досегашната традиција на градоначалниците-Албанци на Струга, кои веќе години со ред „забораваат“ на државните празници да го истакнуваат македонското државно знаме.
„Каприкорн“ упати повик до стружани самоиницијативно да постават македонски знамиња на балконите од своите станови и куќи или, пак, да се обратат до нив за да добијат македонско знаме.
„Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите што произлегуваат од законот“, изјавил Васко Јолевски, претседател на НО „Каприкорн“.




