Архиепископот на Црногорската православна црква, која има статус на непризната црква во православието, Г.Г. Михаило, во интервју за Нова Македонија, тврди дека сојуз на непризната цркви нема да го реши проблемот со неколкуте православни цркви кои имаат непризнаен статус, а меѓу нив е Македонската Православна црква -ОА.
Црногорскиот Архиепископ, Михаило смета дека МПЦ и ЦПЦ не требаат да бараат признавање од Српската православна црква. Двете цркви кои имаат ист статус во православието немаат канонски пречки за својата автокефалност, вели во интервју за дневниот весник, Нова Македонија, Архиепскопот на ЦПЦ, г.г. Михаило.
– Цариградската патријаршија навикнала за издавање на томосот на православните цркви да добие паричен надоместок, како што со СПЦ се случило двапати. ЦПЦ не размислува за тоа, ниту, пак, својата автокефалност и слобода ќе ги купува со пари, а сигурен сум дека така размислува и МПЦ – вели г.г. Михаило.
Оценувајќи ја состојбата на МПЦ-ОА во Македонија и на ЦПЦ во Црна Гора, Михаило влеи дека македонскатс држава за разлика од Црна Гора има многу поголем однос кон Црквата.
– Низ историјата, односот на СПЦ кон МПЦ и ЦПЦ бил насилнички и неканонски. МПЦ постојано води мисија за остварување на својата самостојност. Конечно во 1967 година е прогласена автокефалната МПЦ. Со тој историски чин се остварени вековните права на постоење и траење на македонскиот народ, црква и држава. Со таков величествен епилог, македонскиот народ се потврдил како државотворен и историски достоинствен народ, а Македонија како негова држава. Со тоа МПЦ ја докажала светоста на своето постоење и мисија. Конечно се одбиени и сите политички оспорувања на МПЦ од великодостојниците на СПЦ и великосрпската политика на Србија. Во време на големата агресија на СПЦ и на Србија кон МПЦ и македонската држава, претседателот на Македонија дал историски одговор дека на македонската држава никој не може да ѝ наметнува нова црква. Би сакале и црногорските државници да им упатат таков одговор на Српската црква и на официјална Србија. Уште еднаш потсетуваме дека СПЦ ниту дала, ниту, пак, има одговор зошто била под јурисдикција на Охридската архиепископија. Единствениот одговор е во анатемата на ОА, односно на нејзиниот архиепископ Димитрије Хоматин на Растко Немањиќ – свети Сава, вели Михаило.
Иако во православниот свет, многумина аналитичари пвикуваат на созју на непризнати православни цркви и на таков начи заеднички д абараат свое признавње, г.г Михаило смета дека тоа нема да го реши проблемот.
-Сојуз на црквите е потребен во екуменска смисла, а сојузот на непризнаените цркви не ги решава сите прашања на тие цркви. Нивното сојузничко поврзување може да доведе само до конфликти со неистомислениците во меѓуцрковната политика, вели г.г Михаило.




