Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата организира пет јавни дискусии за уставните амандмани во Скопје, Штип и Тетово

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 4, 2018 19:06

Почнувајќи од утре, Владата организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

Првата јавна дискусија ќе се одржи утре со почеток во 16 часот и 30 минути, во Свечената сала во Владата, а говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

Во четврток јавна дискусија ќе се одржи напладне во Универзитетот ФОН. Говорници ќе бидат премиерот Заев, ректорот на ФОН Универзитетот, универзитетските професори Нано Ружин и Темелко Ристевски.

Третата јавна дискусија ќе се одржи во петок со почеток во 10:00 часот, во Македонска академија на науките и уметностите. Говорници ќе бидат заменик-претседателот на Владата  задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, академик професор Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ.

Последните две јавни дискуси ќе се одржат во понеделеник на 10 декември во Штип и во Тетово.

На дискусијата во Општина Штип говорници ќе бидат премиерот Заев, судијката Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов.

Во јавната дискусија во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, говорници ќе бидат заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот Османи, и универзитетските професори Беса Арифи и Блерим Река.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.