Седницата на шпанскиот парламент денекса беше прекината од активистките од феминистичката организација „Фемен“ кои протестираат против планираните промени на законот за абортус од страна на конзервативна Влада.
Три жени соблечени голи до половина скандираа во фоајето на Долниот дом на Кортесот скандирааа „абортусот е свет“.
Тие го прекинаа говорот на министерот за правда Алберто Руис-Галердон, а спикерот не беше во можност да ја продолжи седницата се додека обезбедувањето не ги изнесе жените надвор.