Телото пронајдено во опожарениот хотел Д хаус на Попова Шапка било на поранешниот професор на тетовскиот универзитет Рухи Бакиу и поранешен член на Регулаторната комисија, јавува порталот Шипмедиа. Засега ова е само шпекулација која од полицијата не ја потврдуваат бидејќи се уште не била завршена обдукцијата. Порталот се води од сознанијата дека автомобилот на професорот кој имал и викендичка на Попова Шапка бил наводно пронајден таму, а неговиот мобилен телефон пред влезот на хотелот.
-Тој мобилен беше најден на скалите пред влезот на ресторантскио дел. Се уште не е точно утврдено чиј е телефонот. Семејството беше контактирано. Но, телото е јагленосано и не може да се изврши препознавање. Тоа ќе го потврди обдукцијата која се уште трае, вели за НОВА портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Сопственикот на опожарениот хотел Александар Донев вели дека во хотелот никој не можел да влезе, а да не провали.
-Хотелот е неколку месеци надвор од употреба. Тој работи само сезонски, во зима, а клуч единствено имаме јас и мојот брат. Во хотелот се е исклучено, нема струја или друг извор кој би можел да поттикне пожар, вели Донев.
Од полицијата велат дека не знаат како дошло до пожарот бидејќи увидот се уште трае. но
-Некаде пред 12 часот на пладне вчера се слушнала експлозија и објектот почнал да гори. Истражен судија излезе на лице место и увидот започна вчера. Потоа беше прекинат поради временските услови, а денеска продолжи. Се уште трае и не знаеме што е причината за експлозијата, вели портпаролот Јосифовски за НОВА.
Извори за НОВА велат дека телото било пронајдено внатре во хотелот под еден од креветите.
Професорот Рухи Бакиу неодамна јавно се пожалил дека стравува оти некој сака да го убие е дека сообраќајната несреќа која ја имал била резултат на тие намери.




