Стевчо е…
24 годишен дипломиран дизајнер од Охрид, кој пред скоро 6 години се запознал со фтографијата, потоа пишувал, па почнал да дизајнира…
Црно бело или боја?
Нека биде Светлина.
Што те уклучува, што те исклучува? (инспирација, кретаивност)
Кога ќе забележам многу добар стих во песна, реплика во филм, извадок во книга итн итн… И тоа ќе стане заразно и инспиративно.
Нечиво влијание за правецот во твојата фотографија?
Од креативниот аспект свесно или несвесно ми влијаеле блиски уметници, фотографи, дизајнери, поети и програмери на кои им сум благодарен.
Самокритичност, постои или не?
Верувам дека постои, треба само доволно смело да застанеме пред своето дело и да го погледнеме нели, со четири очи.
Која импресија сакаш да ја оставиш со твојата фотографија?
Најмногу сакам да ја раскажам соодветната приказна, фотографиите треба само визуелно да поттикнат размислување, запрашување и имагинација.
Изложби минати и идни
2013 г. Изложба на фотографии “Пулсот на езерото” во Кавадарци, Охрид и Струга
2012 г. Изложба на фотографии “Пулсот на езерото” во Фиренца, Италија
2011 г. Групна донаторска фотографска изложба во Скопје
2011 г. Групна изложба на ц.к.п. “Артерија” во Струга (илустрации, постери)
2011 г. Групна изложба на ц.к.п. “Артерија” во Охрид (фотографии)
2010 г. “Разговори” Прва самостојна фотографска изложба, Охрид
2008-2010 г. Групни завршни изложби на Европски Универзитет на Р. М.
2008, 2009 г., Групни изложби “Плоштад Фотографика” Скопје,
Идни, се надевам на самостојна изложба напролет.
Мото:
Одговорот создава мото – Who would have known of Hector, if Troy had been happy? The road to valor is built by adversity”
И наш фотограф кој ти оставил впечаток и зошто?
Би го истакнал мојот професор Иван Блажев, кого сум имал најмногу прилика да го запознаам како професор и фотограф, како и дел од неговото творештво. Кај Блажев најмногу впечаток ми оставил начинот на третирање на документарната фотографија, специфичната естетика особено кај црно-белите фотографии, начинот на раскажување на настаните особено успешно претставено во совите фотографски книги.
Ирена Мила