Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров:Ние имаме најголема штета од нерешавањето на спорот

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 7, 2018 13:02

Најголемата штета од нерешавањето на спорот со Грција е врз нас. Не е ниту САД, ниту Русија, ниту Европа, ниту Германија, ниту, пак, Грција, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната трета јавна дебата за четирите нацрт-амандмани на Уставот во согласност со Договорот од Преспа што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Димитров посочи дека ние не сме членки на НАТО, многу често пред нас стои ПЈРМ, никаде не стои македонски јазик. Ние имаме најголем интерес да се заврши ова прашање, истакна тој пред академиците.
Со решавање на ова прашање, рече тој, „сакаме да го затвориме поглавјето на идентитетските прашања, НАТО и ЕУ”.
– Тоа се трите цели кои сакаме да ги постигнеме, рече Димитров.
Посочи на одредени предлози кои би можеле да станат дел од уставните измени и за кои би сакал да слушне мислење на дебатата.
Академикот Таки Фити кажа дека договорот ги зајакнува и зацврстува идентитетските прашања и оти со него се решава едно историско прашање. Треба да се земат предвид, според него сите придобивки од ова решение и овој спор, посочувајќи на евроинтеграциите, но и на економските бенефити.
Повтори дел од веќе изнесените заклучоци од неодамнешната научна дебата во Академијата меѓу кои и дека ќе треба да се изнајде решение за имињата на некои од институциите. Фити, сепак, рече и дека во МАНУ нема едногласие по овие прашања, но и дека тоа е легитимно и кредибилно доколку се понуди алтернативно решение.
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи рече дека Преспанскиот договор е историски договор постигнат во, како што кажа, една историска година за нас и дека тој ќе тргне еден голем камен што се провлекуваше со години. Укажа на позитивните аспекти од влезот во НАТО и ЕУ, но и на ризиците. Младите нема да останат тука доколку не можат да ја планираат иднината, рече тој посочувајќи притоа и на безбедносните но и економските ризици.
Динитров јавна дебата уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.