Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

0
By Xhabir Deralla on September 29, 2026 ТЕМА, ТИКЕР, УДАРНО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 29, 2026 17:17

29 септември 2026 година — 85-годишнина од трагедијата во Бабин Јар — еден од најстрашните симболи на Холокаустот и масовното убивање на цивилното население за време на Втората светска војна. Во текот на 29 и 30 септември 1941 година во Бабин Јар нацистичките единици убиле 33.771 Евреин — жители на Киjив и бегалци кои останале во градот по неговата окупација. Во следните две години ова место станало едно од најголемите места на масовни стрелања на окупираната територија на Украина. Вкупно, жртви на нацистичкиот терор во Бабин Јар станале околу 100 илјади луѓе.

Бабин Јар не е само место во Киjив поврзано со една од најголемите трагедии на Холокаустот. Тоа е место што станало симбол на систематското уништување на луѓето од страна на нацистичкиот режим поради нивното потекло, како и на прогонувањето и убивањето на сите оние што нацистите ги сметале за свои непријатели.

На 19 септември 1941 година германските трупи го зазеле Киjив. Уште во првите денови од окупацијата, еврејското население на градот станало предмет на прогон и насилство. Нацистичката политика на уништување на Евреите била составен дел од систематската политика на нацистичка Германија, која на окупираните територии на Источна Европа предвидувала масовно истребување на еврејското население.

По експлозиите во центарот на Киjив, предизвикани од мини оставени од советските трупи, германските окупациски власти го искористиле овој настан како повод за подготовка на масовно убиство. Еврејското население било обвинето за вмешаност во експлозиите. На 28 септември, по улиците на Киjив биле поставени известувања со наредба сите Евреи од градот и околината следното утро да се појават на определено место, носејќи ги со себе документите, парите, облеката и личните работи. На оние што нема да ја исполнат наредбата им се заканувале со стрелање.

Повеќето од оние што дошле на 29 септември не знаеле што ги очекува. Многумина се надевале дека ќе бидат преселени. Мажи, жени, деца, постари лица, болни — цели семејства се упатувале кон местото на собирање, често со куфери и врзопи. Не им била оставена можност да ја разберат вистинската цел на наредбата и да се спасат.

Од местото на собирање луѓето биле одведени во Бабин Јар, каде што масовно биле стрелани. Таму биле принудувани да ги оставаат своите работи, да се соблекуваат и да се спуштаат кон јарот. Стрелањата ги извршувале припадници на зондеркомандата 4а и други единици на германската полиција и СС. За два дена — на 29 и 30 септември — биле убиени 33 771 Евреин.

Масовното убиство на 29–30 септември било само почеток на злосторствата во Бабин Јар. Стрелањата продолжиле во текот на целата окупација на Киjив. Жртви станале Евреи, Роми, советски воени заробеници, цивилни заложници, пациенти од психијатриската болница, учесници во движењето на отпорот, затвореници од Сирецкиот логор и други луѓе кои нацистичкиот режим ги прогонувал и уништувал.

Размерите на злосторството не биле резултат на хаосот на војната, туку на организиран систем. На масовните убиства им претходеле наредби, планирање, определување на извршителите, блокирање на патиштата за бегство, потрага по оние што се обидувале да се сокријат и ограбување на имотот на жртвите.

Истовремено, историјата на Бабин Јар е и историја на луѓето кои се обидувале да ги спасат прогонуваните. Жителите на Киjив криеле Евреи, им помагале со храна, документи и можност за бегство, ризикувајќи ги сопствените животи.

По завршувањето на војната, сеќавањето на Бабин Јар со децении останувало сложена и во голема мера премолчувана тема. Советската политика на сеќавање не ги издвојувала еврејските жртви на нацистичките стрелања, зборувајќи главно за „мирни советски граѓани“. Истовремено, Бабин Јар продолжил да биде место на тага, сеќавање и граѓански отпор кон заборавот.

По обновувањето на независноста на Украина започнал постепен процес на преиспитување на историјата на Бабин Јар и создавање сеопфатна политика на сеќавање. Денес станува збор за потребата да се зачува сеќавањето на сите жртви на нацистичкиот терор, а истовремено Холокаустот и намерното уништување на еврејското население на Киjив јасно да се нарекуваат со нивните вистински имиња.

По 85 години, Бабин Јар останува место каде што минатото ѝ се обраќа на сегашноста со едноставно, а истовремено принципиелно потсетување: човечкиот живот и достоинството не можат да зависат од потеклото, верата или националноста. Молчењето пред омразата и прогонувањето може да има трагични последици. Сеќавањето не треба да биде само чин на тага, туку и одговорност — за вистината, за човечноста и за тоа злосторствата од такви размери никогаш да не се повторат.

Амбасада на Украина

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.