Албанската полиција заплени повеќе од 1000 верски предмети и сакрални уметнички дела кои датираат од периодот на 15-ти до средината на 20 век, кои биле украдени од цркви и културни центри во Албанија и во Македонија, јавува дописникот на АП од Тирана.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера ја пофали полицијата за успешната акција.
Албанската полицијата пронашла 1077 икони, фрески и други парчиња, а двајца мажи кои се осомничени за планирање да ги продадат вредните сакрални предмети во странство, се уапсени, соопшти вчера полицијата.
По четири месеци истрага, предметите биле пронајдени во две куќи во Тирана. Експерти од Националната галерија на уметностите во Тирана вршат проценка на вредните икони и останати предмети.
Според портпаролката на албанското министерство за култура Милена Селими украдените уметнички дела најверојатно требало да се продаваат во другите балкански земји или во Западна Европа.




