НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија влегува во борба против лажните вести

0
By Светлана Јовановска on December 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија влегува во борба против руските дезинформации. Европските комесари Андруш Ансип, Вера Јурова, Џулијан Кинг и Марија Габриел го претставија оваа недела предлогот против ширењето лажни вести, особено сега со доближувањето на изборите во ЕУ во мај 2019 година.

Планот ќе ја стави на чело Русија како редовен извор на лажните вести со систематска и широка кампања на дезиноформации.

На планот ќе работи екипа во СтратКом дескот на ЕУ кој е во рамките на Службата за надворешна акција на чие чело стои Федерика Могерини.

Главната точка на овој предлог е буџетот за менаџирање на дезинформациите ској од 1,9 милиони евра во 2018 година ќе порасне на 5 милиони евра во 2019 година. Но и договорот со социјалните мрежи коишто треба да се приклучат во борбата против руските дезинформации. Планот треба да креира “систем за брзо известување” за националните власти кога земјата е под чест напад на лажни вести.

За буџетот Ансип прецизираше дека “пет милиони евра не се доволни; знаеме дека Русите инвестираат огромни суми пари за да ја поддржат оваа про-Кремљ пропаганда”, рече тој.

И додаде дека Русија преку Спутник и други извори, има една милијарда евра годишно а истовремено има и “трол” фабрика во Санкт Петербург која, според некои информации има околу 1.000 работници со полно работно време.

Истовремено Европската комисија (ЕК) планира да побара од социјалните медиуми, Фејсбук, Твитер и Гугл, да поднесува месечни извештаи, од јануари до мај 2019 година, за руските дезинформациски кампањи пред европските избори, пренесе порталот Политико.еу.

Ова е дел од акцискиот план за борба против лажните вести кој беше презентиран од споменатите комесари.

Фејсбук и други мрежи ќе бидат замолени да праќаат редовни извештаи, од јануари до мај, а Европската комисија планира да ги објави за да ја крене свеста кај европските гласачи за тоа како странските актери се обидуваат да влијаат на нивниот глас.

Овие извештаи ќе содржат бројки за тоа како овие вести се означуваат како  за технолошки компании ќе вклучуваат бројки за тоа како тие ги означуваат политичките реклами, како и за тоа колку профили на “ботови” и лажни профили се идентификуваат и како да се оневозможи нивната кампања.

Акциониот план на Комисијата ќе вклучи барање за поголемо финансирање за агенциите за дезинформација во Европа, вклучувајќи ја и единицата на СтратКом на ЕУ во Службата за надворешна акција и создавањето “систем за брзо известување” за известување на националните власти ако земјата е под постојан напад на лажни вести.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.