Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон до Трамп: Не се мешај во нашата политика!

0
By Нова ТВ on December 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 9, 2018 16:02

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан недела го покани претседателот на САД, Доналд Трамп, да не се меша во францускиот домашната политика. Реакцијата доаѓа откако Трамп, во серија твитови,  го критикуваше движењето на “жолтите елеци” и француската политика.

“Му порачувам на Доналд Трамп, а и претседателот Макрон исто така му порачува: ние не учествуваме во американската дебата и ве молиме да не се мешате во животот на нашата нација”,  изјави тој за француските медиуми. И додаде дека Франција не се меша во американската политика и бара, во таа област, реципроцитет.

Во саботата Трамп изјави дека денот во Париз бил тажен, по протестот на “жолтите елеци”. Според Трамп, “жолтите елеци” барале да се стави крај на Договорот  за климата потпишан во Париз на крајот од 2015 година.

“Демонстрации и немири насекаде во Франција, демонстрантите “пеат го сакаме Трамп”.  Ја обожавам Франција”, напиша тој на Твитер.

Шефот на француската дипломатија оспори дека за време на протестите “жолтите елеци” пееле дека го сакаат Трамп:

“Жолтите елеци” не протестираа на англиски, а фотографиите што се појавија се направени во Лондон, при посетата на претседателот Трамп на Велика Британија пред неколку месеци”, рече Ле Дриан.

Пријателските односи меѓу двете држави се влошија во последните неколку недели, откако претседателот на САД му се потсмеваше на Емануел Макрон минатиот месец, по неговото враќање од прославата на стогодишнината од Првата светска војна во Париз. Трамп преку Твитер ја критикуваше ниската популарност на Макрон. Очигледно е дека Трамп не може се уште да му прости на Макрон што тој, за време на неговата официјална посета на САД во апри годинава, одржа говор пред американскиот Конгрес во кој ја критикуваше климатската политика на Трамп.

Францускиот министер за надворешни работи, исто така, го поткачи и министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини, кој исто така редовно испраќа критики на сметка на Макрон. Ле Дриан потсети дека Италија исто така се соочива со тешкотии  и протести на десетици илјади луѓе поради железничкиот проект Лион-Торино (протести имаше во Торино против предложената железничка врска со Лион, за која велат дека претставува “губење на јавните пари”):

“Секој со своите тешкотии. Да ги почитуваме”, додаде тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.