Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двете последни јавни дебати за амандманите во Тетово и Штип

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 08:25

Во Штип и Тетово денеска ќе се одржат последните две од вкупно петте јавни дебати што ги организира Владата за четирите нацрт-амандмани.

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на јавната дискусија во Штип. Покрај премиерот Заев, на дебатата што ќе се одржи во спомен собата „Киро Глигоров” експертски осврт ќе бидат судијката, Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот проф. д-р Ѓорѓи Спасов, додека дискусијата ќе ја отвори и води градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На дебатата во Тетово што ќе се одржи во амфитеатарот „Арбен Џафери” во Универзитетот на Југоусточна Европа, ќе се обратат вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а експертски осврт ќе дадат универзитетските професори Беса Арифи и Блерим Река, додека дискусијата ќе ја отвори и води ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети.

Заев во изјава за неколку странски медиуми изрази уверување дека инклузивниот процес во Парламентот и јавните дебати ќе успеат да обезбедат двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измнеи кои се обврска од Договорот од Преспа.

-Досега како што се движат работите, преку еден интерактивен процес во самиот Парламент, верувам дека ќе се соберат сили да се обезбеди двотретинско мнозинство како што се обезбеди на самиот почеток, за да се отворат уставните промени. Јавната дебата во Парламентот е многу конструктивна, квалитетна и верувам дека и преку тоа граѓаните ќе дознаат и за сите детали од самиот Договор со Грција, но и Парламентот ќе изнајде начин како да собере сила и да ја гарантира иднината на Република, рече Заев.

На трите досега одржани јавни дебати во Скопје беа изнесени експертски предлози за подобрување на нацрт-амандманите, како и за надминување на уставната празнина во врска со потпишувањето на законите од страна на претседателот на државата.

Премиерот Заев и владините претставници на дебатите ги презентираа нацрт – амандманите и укажаа на потребата за донесување на уставните измени во контекст на влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ, на инклузивноста на процесот и отвореноста за нови предлози. Заев постети дека во нацрт – амандманите се вградени предлози на осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и посочи на одлуката уставните измени да стапат во сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО што треба да се случи во ист ден или заедно паралелно.

Во врска со менувањето на личните документи по успешното имплементирање на Договорот со Грција, тој рече дека замената ќе се врши постепено, кога ќе им престане важноста на документите. Укажа и дека не треба да постојат грижи за идентитетот бидејќи “во договорот со Грција има признание на македонскиот јазик, на нашето самоопределување”.

-Нема да бидеме северномакедонци, а нема да го носиме ни срамот на ФИРОМ-ци, треба да размислиме и што ќе им оставиме на нашите деца, рече Заев.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на дебатата во МАНУ го отвори прашањето за непотпишување на Договорот од Преспа од страна на претседателот Ѓорге Иванов, со што тој не е стапен во сила и се уште не е воведен во правниот систем, и како во иднина да се исклучат вакви ситуации. Според него, можеби треба да се смета дека потписот е даден кога втор пат ќе биде изгласан законот. Академиците, пак, со различни размислувања како правно да се реши оваа уставна празнина.
По завршувањето на двете последни дебати Владата треба да достави Извештај до Собранието, а претседателот на Собранието Талат Џафери треба да закаже седница не порано од триесет дена. Во оваа фаза на уставните измени амандмани на нацрт-амандманите можат да поднесуваат и пратениците. Уставните амандмани ќе се сметаат за донесени доколку за нив гласаат 80 пратеници. 
јавна дебата уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.