Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на Клинички ќе се спротивстави на покачувањето на паркингот

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 13:11

Синдикатот на Клиничкиот центар„Мајка Тереза“реагира на најавеното поскапување на паркинг местата кое на предлог на предлогот на ЈП “Градски паркинзи“, Скопје, треба да се зголеми од 350 на 850 денари месечно.

„Планираното покачување на паркинг местото во кампусот клиники “Мајка Тереза“ за 500,00 денари месечно со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата, реалниот месечен приход со кој располагаат. На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.

Истовремено, доколку Советот на град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП “Градски паркинзи“ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5% за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на 0%.

Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место.

Предложеното покачување на паркинг просторот во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за 2019 година и на сите други профили вработени во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.

Искрено верувавме дека со планираната изградба на катните гаражи за паркинг, вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје ќе имаат картички со бесплатно паркинг место, соодветно на праксата во болниците во развиените земји, како и во приватните болници во Република Македонија.

Синдикатот на клинички центар го повикува Министерот за здравство, г-динот Венко Филипче со својот личен и со авторитетот на институцијата која ја претставува да го реши овој новонастанат проблем во полза и корист на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје чии интереси  ги застапува во рамките на своите надлежности.

Доколку истото не се случи, и Советот на град Скопје го изгласа предлогот на ЈП “Градски паркинзи“, Скопје, Синдикатот на клинички центар ќе биде принуден да превземе соодветни мерки за да ги заштити правата и интересите на своето членство“, се вели во соопштиението на Синдикатот на Клинички центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.