Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон вети покачување на минималната плата

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 20:29

Францускиот претседател Емануел Макрон вети покачување на минималната плата и даночни измени, како одговор на неколкунеделните насилни протести.

Во Франција се случија масовни насилни протести против покачувањето на данокот за гориво, трошоците за живот и други давачки.

Макрон во своето телевизиско обраќање рече дека гневот на граѓаните кои протестираат бил „длабок и на многу начини легитимен“.

Тој рече дека минималната плата од 2019 година ќе се зголеми за 100 евра.

Планираното зголемување на данокот за пензионерите со ниски прмања ќе биде откажано.

– Многумина беа несреќни со условите за живот и се чувствуваа како да не се слушнати. Претпоставувам дека и јас имам удел за тоа. Јас можеби сум ви дал чувство дека имам други грижи и приоритети. Јас знам дека некои од вас беа повредени од моите зборови – рече Макрон,

Парискиот јавен обвинител соопшти дека речиси илјада луѓе, од кои 100 малолетни лица, викендот се задржани во притвор по насилните протести во главниот град на Франција.

Канцеларијата на обвинителството побарала прелиминарно обвинение против лицата за кои се верува дека се одговорни за испишување графити на Ајфеловата кула минатиот викенд.

Против 13 лица веќе е подигнато обвинение за вандализам.

Според обвинителството, поголем дел од уапсените немаат криминални досиеја и повеќето се мажи помлади од 40 години, од различни региони, кои во саботата дошле на протестите во Париз.

Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.