Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск: ЕУ сака да и помогне на Тереза Меј, но прашањето е како

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 11, 2018 21:02

Претседателот на Европскиот совет Доналд Турс денеска по состанокот со британската премиерка Тереза Меј, порача дека Европската Унија е подготвена да и помогне за да обезбеди поддршка во британскиот Парламент за предлог договорот за Брегзит.

– Имав долг и искрен разговор со премиерката Тереза Меј во пресрет на самитот за Брегзит. Јасно е дека 27 земји членки на ЕУ сакаат да помогнат, но прашањето е како, напиша Туск на Твитер.

Британската премиерка Тереза Меј вечерва пристигна во седиштето на Европската Унија во Брисел, каде разговараше со Туск, во обид да добие поддршка од Унијата со цел да издејствува усвојување на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

ЕУ денеска потврди дека нема повторно да преговара за договорот за истапување на Велика Британија од европскиот блок на 29 март, но Унијата би можела да усогласи дополнителна политичка поддршка за британската премиерка.

Меј вчера во последен момент го одложи гласањето во британскиот Парламент за договорот за Брегзит, што беше предвидено за денеска, признавајќи дека со сигурност би бил одбиен. Портпарол на Меј денеска соопшти дека гласањето ќе се одржи пред 21 јануари идната година.

Брисел е третата станица на Меј во брзата дипломатска турнеја во рамки на која денеска ги посети Холандија и Германија.

Нејзиниот портпарол изјави дека во Германија имала „позитивен состанок“ со германската канцеларка Ангела Меркел.

Тој рече дека двете политичарки се договориле да останат во „близок контакт“ со цел да постигнат изгласување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ во британскиот Парламент.

Меркел на средбата го повторила ставот дека нема да има можност повторно да се преговара за Брегзит и додала дека е оптимист во врска со постигнување решение.

Британската премиерка Тереза Меј денеска накусо беше оневозможена да излезе од автомобилот кога стигна на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, бидејќи се заглави вратата.

Како што јави Би-Би-Си, припадник на обезбедувањето на Меј се обидел да ја отвори вратата, но таа била блокирана. Сепак, по неколку обиди, тој успеа да ја отвори вратата.

Британската премиерка на овие средби се обидува да го спаси постигнатиот Договор за Брегзит, откако  го одложи гласањето по него во Парламентот во Вестминстер.

Меј изјави дека и се потребни „дополнителни уверувања“ во врска со границата меѓу Ирска и британската покраина Северна Ирска, со цел да обезбеди поддршка од пратениците во Долниот дом на Парламентот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.