Стејт депертментот по 2001 година првпат испраќа заменик на државниот секретар да и обрне внимание на владата за значењето на реформските процеси.
На 18 декември во Скопје ќе допатува заменикот-секретарот Џон Саливан на разговори со државното раководство за регионални прашања при што, како што се вели во соопштението, ќе ги охрабри високите функционери да продолжат со реформите додека земјата работи на спроведување на Преспанскиот договор.
Кусиот престој во Скопје на заменикот државен секретар е во рамките на неговата европска турнеја која започнува во Братислава на 12 Декември. На средбите во Братислава тој ќе ги повика високите словачки официјални претставници да го искористат нивното претстојно претседавање со ОБСЕ за да го зајакнат одговорот на организацијата за агресијата на Русија во Европа.
На 13 декември, заменик-секретарот турнејата ја продолжува во Австрија каде ќе ја изрази благодарноста на Соединетите Држави за придонесот на Австрија за безбедносната соработка во Авганистан и Западен Балкан, и ќе им укаже на високите претставници на потребата да се спротивстават на иранските и руските малигни активности. Нагласувајќи ја притоа континуираната загриженост на САД за дестабилизирачката активност на Русија. Европската турнеја Саливен ќе ја продолжи во БиХ, Бугарија а ќе ја заврши во Полска.




